На трибината од Кампањата „Ние сме Европа“, која се одржа во струмичкиот Амфитеатар, на тема: „Македонски труд-европска социјална политика“, покрај обраќањата на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, свој говор имаше и младата Благица Ефтимова, проектен асистент за претприемништво за глобален и регионален менаџмент.
Ефтимова во своето обраќање зборуваше за потребите и можностите кои им требаат на младите во земјава, за причините за нивното иселување и за придобивките кои ги носи членството во Европската Унија.
Можностите кои ги имаме од Европската Унија, коишто се нудат кога станува збор за креирање на бизнис и инвестиција во истите, а со тоа и нови работни места е од исклучителна можност за младите. И образованието кое е камен темелник на трансформацијата е една од главните можности коишто Европа, Европската Унија, европското семејство ќе ни ги понудат како подобра иднина. Тие ќе ни понудат и финансиска и техничка поддршка, како за модернизација на образованието така и за креирање на подобри можности, доедукација на младите, рече Ефтимова.
Таа рече дека членството во Унијата не само што ни нуди врати за повеќе можности туку и не го отвора патот кон меѓународниот пазар за да ги претставиме ние нашите идеи и иновации, укажувајќи дека „Cеверна Македонија има еден од најголемите проценти на млади луѓе коишто заминуваат во странство, во потрага по тие подобри услови и можности на европскиот пазар“.
Со членството во Европската Унија ќе се отвори врата кон соработка, меѓутоа не само за инфраструктурата, туку и за споделувањето на добрите практики. Веќе знаеме голем дел од младите знаат програмата Еразмус. Ќе имаме многу поголеми и отворени врати, поголеми ресурси со програмата Еразмус којшто ги имаат останатите земји, отколку сега бидејќи работиме со многу мали ресурси. Младите ќе имаат многу поголеми можности да тие креираат проекти, тие одат да студираат, да донесат практики и знаења од земјите-членки во нашата земја, рече Ефтимова.
Таа посочи дека членството во ЕУ гради општество кое ги стимулира и одржува амбициите на младите и нуди платформа за креирање на повеќе работни места, иновации, инвестиции во знаење и инфраструктура, додавајќи дека тогаш „Cеверна Македонија не само што ќе ги задржува своите таленти дома, туку ќе биде и магнет за прибирање на останатите таленти“.
Членството во ЕУ дава многу поголеми шанси да промени начинот на кој ги гледаме трудот и социјалната политика. Смета дека младите се најголем ресурс тие де талентирани иновативни и имаат потенцијал да го трансформираат нашето општество и економија. Но за тоа мора да се создадат услови и околина налик на европските во која младите ќе се развиваат и да напредуваат, порача Ефтимова на трибината „Ние сме Европа“, во организација на Секретаријат за европски прашања.
Следната трибина за запознавање на граѓаните со придобивките од членството во ЕУ, ќе се одржи на Битола, на тема култура, на која покрај вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, свое обраќање ќе има и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.