Поранешниот пратеник и вицепремиер Имер Селмани во емисијата „24 анализа“ вели дека времето не работи во полза за наоѓање на европско решение, прифатливо за Македонија и Бугарија и останатите членки на ЕУ.

Секако дека ова што се случува во Бугарија, се потврди дека актуелната влада нема поддршка во Парламентот. Се согласуваме сите дека во вакви околности, не треба да подигнеме очекување дека и да имаме вразумен француски предлог, сето тоа може да вроди со плод за да дојдеме до прифатливо решение. Згора на тоа што се шпекулира без да се видат на хартија тие предлози, дали бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка со ЕУ. Знаат Французите, дека доколку предлогот е таков, не може да помине кај нас, истакна Селмани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.