Во јавноста се поделени мислењата дали ДУИ е ДУИ само со Али Ахмети. Повеќето Албанци во Македонија сметаат дека ако Ахмети се повлече од лидерското место на партијата тоа ќе се одрази на ДУИ во смисла на тоа дека ќе се разбудат политички амбиции, коментира Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за „Утрински брифинг“.

Сме го виделе тоа. Црвенковски замина од СДСМ, а Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, но овие партии го преживеаја тоа. Од друга страна, со заминувањето на Арбен Џафери неговата партија ДПА претрпе сериозни последици во смисла на популарноста кај гласачите, вели Селмани.

Според него, ако помалите партии на Албанците во Македонија научат да соработуваат меѓу себе, тогаш е можно обединувањето на партиите да доведе до симнување на ДУИ од оваа позиција што ја има последниве 20 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.