Зијадин Села, во организација и придружба на претседателот на Албанско-американскиот совет, Хаџи Даути, се сретнал специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

По средбата, Села порача дека САД остануваат главен сојузник и поддржувач на слободата и демократските процеси.

Споделивме заедничка загриженост, но и нашата определба за успешно надминување на сите предизвици во земјата и регионот, а разговаравме и за уставните измени, како предуслов за пристапување на земјата во Европската унија.

Мирот на Балканот, интеграцијата на регионот во евроатлантските структури и борбата против криминалот и корупцијата немаат алтернатива и секогаш ќе имаат поддршка од САД.

За време на оваа посета се сретнав и со Бенсон Сивек (Macedonian desk officer), кој исто така се интересираше за случувањата во земјата и перспективата на регионот, соопшти Села по средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.