Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека живи беа фатени кога во најголемата здравствена криза во Македонија, ковид-кризата, бркаа провизии за набавка на вакцините.

Додека илјадници граѓани починаа поради доцнењето на вакцините и Македонија бележеше највисоки стапки на смртност во време на Ковид кризата, Венко Филипче како министер за здравство во владата на Заев договараше вакцини со фирмата Стабри од Хонг Конг по 100% повисока цена од тоа што го плаќаа останатите земји, односно другите влади плаќаа по 30 долари, а Филипче и Заев договараа 62 долари. За 200 илјади вакцини тоа се 6 милиони евра повеќе пари. Тоа е методот на работа на Венко Филипче, ортакот во бизнисите и матните зделки на Зоран Заев. Тие се лицето и опачината на истата паричка. Сега Филипче седнува на фотелјата во СДСМ мислејќи дека така ќе се заштити од одговорноста од коруптивните зделки за кои постои сериозен сомнеж дека ги направил како министер во владата на Заев. И тој и Заев мислат дека СДСМ ќе ја користат како заложник за да се спасат од евентуални постапки. Но треба да знаат дека таа математика нема да им помине, односно секој кој се огрешил и ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.