Секое прваче во општина Могила ќе добие по 3000 денари и пакет училишен прибор.

Ваков предлог стигнал од градоначалникот Драганчо Саботковски, а со одлука на Советот на општина Могила е обезбедена финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила.

Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина. Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети, пишува градоначалникот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.