Професионално информирање за процесот на вакцинација, анализирање и адресирање на факторите што придонесуваат за ширење дезинформации околу вакцинацијата против Ковид-19, поттикнување на поактивна вклученост на медиумите во иницијативите за покренување на свесноста за важноста на вакцинацијата и како да се подобри начинот на информирање околу имунизацијата се дел од темите на кои ќе се дискутира денеска во хотелот „Александар палас“ во Скопје, со почеток во 11 часот.

Покрај новинари од најрелевантните медиуми во земјава, во програмата, како гости – предавачи, ќе бидат вклучени и министерот за здравство Беким Сали, претставници на УСАИД, УНИЦЕФ и на Комисијата за заразни болести.

Настанот е во рамки на серијалот стручни советувања за медиумите, во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, кој ќе се одржува во периодот од септември до ноември оваа година.

Целта е да се овозможи поттикнување вештини за критичко анализирање на содржините поврзани со вакцинацијата; да се овозможи активна размена на информации и ефективна комуникација меѓу новинарите, претставниците на здравствените институции и другите релевантни чинители, да се поттикнат здравствените институции да ја зголемат транспарентноста и стратегиската комуникација со јавноста  во однос на имунизацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.