Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница во проширен состав донесе одлука да продолжи дијалогот со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, заради како што се наведува, постигнување на општествен консензус.

-Оценка на Извршниот одбор е дека дијалогот со опозициската ДПМНЕ за уставните измени треба да продолжи. Кога веќе ДПМНЕ не е против уставните измени, кога се согласи за учество во заедничка влада, нема причина дијалогот да не продолжи и да не започне собраниската процедура. Даваме простор и шанса ДПМНЕ да останат на јавно искажаниот став и да се вклучат во процесот. СДСМ со коалициските партнери ќе направи сѐ, целосно да ја искористиме оваа шанса, земјата да продолжи напред и да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, стои во соопштението од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ јасно стави до знаење дека за нив темата уставни измени е затворена откако СДСМ не се изјасни кој од двата предлози е прифатлив.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.