Сите услови на Мицкоски се исполнети, одговорноста сега е кај него, глас за ЕУ или изолација, велат од СДСМ откако сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени.
СДСМ коментира дека со оставките, ставајќи го државниот пред партискиот интерес, ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел – европската иднина на земјата и сите наши граѓани.
„Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ. Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата“, велат од СДСМ.
Како што се додава, членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи. Гласот за уставните измени, велат од СДСМ, е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина.
Се додава дека Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, а изборот е глас за ЕУ или изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.