100 дена ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во најголем број општини, тоа се 100 дена неработа и неуспех. ВМРО ДПМНЕ не направи ништо ниту за граѓаните ниту за општините, велат од СДСМ.
Сѐ што прават градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации.
Нема проекти, слушаме само барања за финансиска помош, додека истовремено се трупаат партиски вработувања по општинските администрации со членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Неспособноста на градоначалниците ја покрива Владата. Така беше за парното во Скопје, така е и со мерките за енергетската криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо за граѓаните.
Ако по утрото деното се познава првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катастрофа во локалните политики, на штета на општините и граѓаните.
Наследија функционални општини, полни буџети и голем број започнати проекти, но не реализираат ништо од тоа.
За првите 100 дена не се способни ниту да ги завршат проектите започнати од претходните локални власти, ниту пак оние поддржани од централната власт.
Немаат започнато, проектирано ниту релизирано ниту еден нивни проект. Неодговорност и неспособност. Толку.
Градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ се дефинитивно најнеуспешните градоначалници во историјата.
Данела Арсовска е прв пример за неработа. Освен што се прогласи за ненадлежна за се, нивелираше шахта и мобилен тоалет ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот.
Среде енергетска криза ги остави скопјани без парно, па мораше Владата да презема мерки и да обезбеди греење.
Депониите за кои ги излажа скопјани дека се исчистени се полни, речиси нема општина без депонија.
Градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ се најголемо разочарување и нивното однесување ја отсликува целокупната политика на ВМРО ДПМНЕ кои докажуваат дека личниот и партискиот интерес им е над сѐ – се наведува во соопштение на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.