СДС веќе не знае што е партија, а што влада. Денес на виделина исплива окупираноста на владата од партијата, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неодвојувањето на државата од партијата се покажа со денешното соопштение на СДС. Од официјален настан во Владата, партијата пушта соопштенија од самиот настан.

На Бихакќа веќе не се знае што е партија, што е влада, и кога неспособниот Ковачевски е премиер, а кога претседател на криминалната СДС.

Стравот кај Ковачевски и СДС од избори еруптираше со целосна паника во редовите на партијата, праќаат владини соопштенија како да се партиски. Ова е доказ дека со СДС партијата и државата се едно и нема поделба на власта.

Токму заради аздисаноста на СДС, криминалот и корупцијата, владата и министерствата во владата имаат историски најслаб рејтинг за доверба од страна на граѓаните,

Ниту партиските соопштенија во име на владата, ниту лагите и удирањата во гради, нема да ги спаси од казната која им следи од народот на следните предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.