ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја почна активната блокада на законодавниот дом. Прашања и обвинувања на релација власт опозиција за тоа која е причината за малиот број на досега донесените закони. ВМРО-ДПМНЕ преку блокадата гледа излез од како што велат националната криза и начин за промена на власата – СДСМ пак вели да се откажат од платите и привилегиите и да се стават на платен список кај нивниот лидер Мицкоски. Доцнењето од скоро два часа на собраниската седница причина повеќе за расправата да прерасне во собраниски театар.

Партиите од албанскиот блок пак со свои гледишта по однос на блокадата на опозициската ВМРО ДПМНЕ . Дел од нив пак сметаат дека не е време за блокада но е време за предвремени избори другите пак не се согласуваат со ниту една од опциите кои ги бара ВМРО-ДПМНЕ.

Активната блокада која е прв чекор на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае велат од пратеничката група се додека Ковачевски не се согласи и сам не побара предвремени парламентерни избори, а од партијата најавуваат и други активности за кои дополнително ќе информираат. Од СДСМ пак обвинија дека дека платите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ месечно го чинат собранието околу 40 илјади евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.