На седница на Извршниот одбор СДСМ почна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ.

Во оваа насока СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт.

СДСМ подава рака на сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика. Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, велат од партијата.

Се наведува дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука за почнување на постапка за избор на кандидат за претседател.

Изборите ќе бидат во редовен термин, а за СДСМ е прифатливо крајот на април и почетокот на мај 2024 година да се одржат претседателските и парламентарните избори. СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно ќе ја формираме следната проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.