Не е важно кој ќе биде дел од новата коалиција, туку кои вредности и принципите ќе ги презентираме на изборите. Вака гледа директорот на ТИРЗ и член на СДСМ Јован Деспотовски во интервју за Радио Слободна Европа во однос на предноста на најголемата опозициска партија на анкетите за јавно мислење.

Резултатите се меѓу другото последица, бројките ако зборуваме за анкетите, покажуваат дека главната опозициска партија има предност да кажеме кај избирачките, зборувам како политичка партија, меѓутоа нормално се последица на тешки одлуки кои се преземени во изминатите 5-6 години во интерес на државата и секако се последица на пропусти, грешки кои што сме ги направиле како партија, како владејачка гарнитура, рече Јован Деспотовски.

Тој не ја исклучува можноста за повторна предизборна коалиција до СДСМ.

СДСМ веќе го направи чекорот на предизборна коалиција со етничка албанска партија во државата, тоа беше на минатите избори. Значи ние чекорот преку реката веќе го направивме. Така што тоа не е такво баук прашање. Така што ако успееме повторно за принципи, вредноста, луѓе и проекти да се договориме тогаш не гледам пречка тоа повторно да се случи, вели Деспотовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.