До Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент пристигнати се 17 приговори кои се однесуваат на постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, информира за МИА портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.
– Приговори за постапка за гласање нема. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за парламентарните избори има поднесено од Коалицијата ВЛЕН – 9 и од Коалицијата „Твоја Македонија“ – 8. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за претседателските избори досега нема, изјави за МИА портпаролката на ДИК.
Според партиските комбинаторики, ако се усвојат приговорите, СДСМ би можел да изгуби еден пратеник, ДУИ да добие а постои можност еден пратеник плус да отиде на контото на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.