Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса.

Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.

Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021 година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.