СДСМ да не молчи и да одговори дали и кои нивни функционери присуствувале и знаеле за средбите на Талат Џафери со лица од Чеченија кои претставуваат ризик за безбедноста на Македонија и западниот свет. Исто така граѓаните треба да добијат одговор дали и Ковачевски како дел од владата, знаел за средбите на Талат Џафери со чеченската делегација предовдена од пратеникот на Думата Абдул-Вајед Нијазов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат што сомнително се договарало на истата средба штом се крие, иако Џафери како претседател на Собрание треба да известува со кои официјални лица се среќава и колку такви средби кои се ризик за Македонија и остварил?

-Што им ветил Џафери на Чеченците и како е возможно безбедносните служби да дозволиле таква средба која очигледно е ризик за безбедноста? СДСМ треба да одговори дали нашите меѓународни партнери биле известени за средби на Талат Џафери како претседател на Собрание со претставници кои не само што се ризик за безбедноста туку и ги поткопуваат демократските и западните вредности. Додека устите на СДСМ и ДУИ им се полни со поделби во државата на прозападни и антизападни, нивни функционери се среќаваат со контроверзни лица од Чеченија, марионети на Кремљ. Впрочем и затоа ги прават тие поделби и така се обидуваат да си ја ишкаат мувата од капата. Воедно власта треба да одговори и кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат, Талат Џафери не само што има девијантно однесување кон вработените во Собранието, тој со вакви средби ја поткопува и сигурноста и демократија на Македонија. Таков човек е недостоен да биде носител на било каква функција, особено не е достоен да биде претседател на Собрание.

Талат Џафери мора веднаш да поднесе оставка, а СДСМ и ДУИ да одговорат зошто е одржуваат средби со лица кои се безбедносен ризик за Македонија, но и за западниот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.