Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Стево Пендаровски изрази уверување дека имаме доволно институционална меморија како држава и доволно политичка култура меѓу сите кандидатите да го одржат нивото на дебата и целиот процес да биде фер и демократски.
Гордана Силјановска потпишувањето на кодексот го оцени како церемонијален чин и нормативен и морален илузионизам, но посочи дека лично таа ќе говори со аргументи и програма и ќе ги почитува сите кандидати.
Стевчо Јакимовски рече дека Кодексот ќе го почитува, но нема да го потпише доколку ДИК не гарантираат дека ќе организира дебати, посочувајќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани и средставата за кампања не биле рамноправно поделени.
Бујар Османи рече дека ќе се залага за позитивна кампања, порачувајќи дека повеќе станува политички морал и даден збор пред граѓаните дека ќе пристапат корекрно кон овие важни за нашата држава избори.
Билјана Ванковска, нагласи дека Кодексот ќе го потпише, но не верува во ништо од ова, како што рече, празно парче хартија и побара телевизиите да организираат дебати со сите претседателски кандидати.
Арбен Таравари изрази надеж дека овие избори ќе бидат најфер и најдемократски избори досега.
Максим Димитриевски рече дека ќе ги прифати сите јавни настапи со сите претседателски кандидати и посака на овие двојни избори да победи демократијата.
Содржината на Кодексот ја прочита потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која нагласи дека ќе се залагаат сите учесници да ги почитуваат сите закони, нема да користат говор на омраза и за спроведување на успешно фер и демократски на изборите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.