„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска.
Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.
Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.