Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека го посетил Ковид-центарот на Кожната клиника и на болните им посакал што побрзо закрепнување.

Би сакал да истакнам дека сите капацитети се ставени во функција, а нашите здравствени работници го вложуваат сиот свој потенцијал за да им помогнат на болните. Посакувам сликите што ги гледаме од граѓани кои се борат со вирусот и последиците од него повеќе да не ги гледаме во иднина. Верувам дека сите граѓани не поддржуваат во ова. Сакам да испратам апел дека вакцинацијата е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштитата на здравјето на населението. Вакцинирајте се! Токму со тоа и со следење на сите мерки на претпазливост, не само што ќе го намалите ширењето на вирусот, туку и ќе го намалите притисокот кон нашите здравствени работници кои неуморно работат за да не’ чуваат безбедни – напиша Сали.

Министеroт порачува дека само обединети може да се надмине пандемијата.

Вистината е едноставна: никој не е безбеден се’ додека не се безбедни сите. Помогнете, поддржете ја вакцинацијата, да го вратиме нашиот живот таков каков што сакаме да биде – порачува Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.