Новиот Клинички центар може да се гради со 150 милиони, со 500 милиони и до една милијарда евра, а за локацијата се уште има повеќе опции, изјави за ТВ Сител, министерот за здравство Беким Сали
Новиот Клинички центар е од животно значење за државата и тоа не треба да се гледа низ партиски бои. Се уште сме во фаза на дискусија, нема одлука. Не можам за мене да кажувам која локација е најдобра, затоа што тоа треба да биде решено со експерти. Досега имаме политичка волја дека ќе биде поддржан и од опозицијата и сметам дека досега најголемата пречка се надминува. Не знам како ќе течат преговорите, рече Сали за изградбата на новиот Клинички центар.
Сали додаде дека последната идеја за местото Веле поле во Ѓорче Петров пропадна, но како локација се уште постои како опција.
Зависи колку имаме и колку ќе инвестираме, тој може да се гради со 150 милиони, преку 500 милиони до милијарда евра, зависи колку можеме да си дозволиме. Износот на финансии е според можностите на државата, рече Сали кој беше гостин во во Дневникот на ТВ Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.