Министерот за здравство Беким Сали, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека платите на лекарите во Македонија не се лоши.

Тој вели дека според стандардот, тие се добри.

Платите на лекарите во Македонија не се лоши. Според стандардот на државата, платите се добри. Има и такви лекари што бегаат за повеќе пари, но кога ќе имаме поорганизирани институции, лекарите нема да бегаат. Апсурдно е да си задоволен кога како доктор работиш во канцеларија од 2 квадрати“, вели Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.