Во теренската акција на ВМРО-ДПМНЕ „Заедно со народот“, која започна прд месец и половина, тимови од партијата посетиле 40.237 семејства и оствариле состаноци со поголем дел на ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар на партијата Ѓорѓи Сајкоски денеска на прес-конференција информира дека акцијата била успешна и најави втора фаза, која ќе продолжи на терен, односно нова опсежна акција на мобилизација и теренско присуство, за што граѓаните ќе бидат дополнително известени.

Испративме порака дека заедно со народот мора да ги донесеме промените и дека исклучително важно е во периодот што следи секој поединец и индивидуа да се вклучи со свој придонес, да се чуе гласот на народот и потребата да се смени власта. Доаѓаме до точка кога се зависи од одлуката на народот.

Нам како партија не ни беа потребни црвени елеци за да не препознае народот, ниту пак се фалевме со фотографии како што тоа го правеше власта, ниту пак пренесувавме членови од едно на друго место за да нема празнини, ниту злоупотребувавме државни ресурсни и државни автомобили за да спроведеме партиска акција како што тоа го прави власта. Нам не ни требаше да кажуваме дека сме рамо до рамо, за да бидеме заедно со народот.

Одговорно и искрено им пристапивме на 40.237 семејства кои бараат промени, нова надеж и се борат за нова иднина.

Оваа успешна акција ја завршуваме повеќе од задоволни со точни пораки што е потребно и кои се реалните барања на народот.

Имаме одговори и решенија како треба да ги поправат работите. Оваа акција ќе има своја втора фаза која ќе продолжи систематски и активно на терен.

Заедно со народот, продолжуваме, рече Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.