И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово.
Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата.
Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР.
На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.