Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рускоска во Топ тема на Телма откри информации кои не ѝ се познати на јавноста за најинтересните случаи на ова обвинителство.
Обвинителката во Топ тема тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што ја отворила за поранешниот генерален секретар на Владата на Зоран Заев, Драги Рашковски. Рускоска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат ѝ било понудено да стане заменик-републички Јавен 0бвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“.
Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.
Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка. Калајџиев, кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми“, вели Русковска.
Таа додава дека власта не сфатила дека нејзе „не ѝ била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава“, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, рече Русковска во интервјуто на „Телма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.