Министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску денес ќе престојува во работна посета на Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика. Планирано е министрите да потпишат Акциски план за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на двете држави и Протокол за соработка во областа на образованието.

За време на престојот во Скопје, министерката Одобеску ќе оствари средби и со останатите претставници на државниот врв.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.