Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Како прв таков пример ќе го земеме проектот со Клиничкиот центар во Скопје, проект за кој беа обезбедени средства и направена проектна документација, со што Скопје ќе имаше сега модерен голем Клинички центар за само 120 милиони евра. Власта го раскина договорот, за 6 години да прави егзибиции со наводни Клинички од половина милијарда, проекти кои беа наменети за грабеж на народот. И резултатот е раскинат договор за Клинички од 120 милиони евра, Скопје нема модерен клинички центар, а Македонија ќе плаќа пенали за криминогеноста на СДС и ДУИ, кои сакаа да крадат на проектот за Клинички кој го напумпаа половина милијарда.
Во однос на таканаречениот проект „Шпански скали“, исто така власта е таа која ја спречува изградбата, институциите со кои раководи СДС се тие кои оневозможуваат да се реализира проектот.
СДС со години не прави ништо, напротив ја носи во голема загуба Македонија.
Внимавајте ова е влада која Македонија ја задолжи за нови 3.6 милијарди евра, нема направено ниту еден проект, тие што ги наследи или уште не може да ги заврши, или ги запре во целост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.