Професори, амбасадори, поранешен претседател на Македонија, Весна од ВМРО и Весна од СДСМ, граѓани обични а исто толку важни… Обединети испраќаат единствена порака Ултиматум НЕ благодарам!.
На вториот ден од сенародните протести фоторепортерот на Република ја забележа проф. д-р Малинка Ристевска Јордановска, член на Управниот одбор на Институтот за европска политика.
Според неа новиот француски предлог не е подобар од претходниот туку само е технички изменет и нема потреба од брзање и не треба да се претставува дека сме пред свршен чин.
Д-р Малинка Ристевска Јорданова е ангажирана во процесот на интеграција во ЕУ од крајот на деведесеттите години, извршувајќи високи функции како дел од јавната администрација во македонскиот парламент и влада. Како државен советник во Секретаријатот за европски прашања, таа претседаваше со Поткомитетот МК-ЕУ ССА за правда и внатрешни работи од 2002-2008 година и Комитетот за ССА од 2008-2010 година и беше координатор на националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Таа даде посебен придонес за кандидатурата на нејзината земја за пристапување во ЕУ, исполнувањето на препораките за почеток на пристапните преговори и реализацијата на одредниците утврдени во патоказот за либерализација на визниот режим. Д-р Ристевска – Јорданова е основач и поранешен директор (февруари 2011 година – февруари 2017 година) на македонскиот тинк-тенк Институт за европска политика – Скопје, каде што сега е неизвршен член на управниот одбор. Во своето истражување, д-р Јорданова се фокусира на примената на политиката на ЕУ за условеност во регионот на Југоисточна Европа, како и на транспонирањето на правото на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.