Државниот инспекторат за животна средина, при вонреден надзор на рибник од Битола констатирал дека водотекот на река Црна е петта класа површински води, а не смее да ги надминува параметрите на квалитет на вода 2 (втора) категорија.

Рибникот е времено затворен во период од 90 дена, но се поставува прашањето каде завршиле рибите од овој рибник?

Во продолжение го пренесуваме соопштението од Државниот инспекторат за животна средина во целост:

Државниот инспекторат за животна средина согласно член 230 став (1) точка 19), точка 28), став (2) и став (3), а во врска со член 28 од Закон за водите (Службен весник на РМ бр. 87/2008; 6/2009; 161/2009; 83/2010; 51/2011; 44/2012; 23/2013; 163/2013; 180/2014; 146/2015; 52/2016 и Службен весник на РСМ бр.151/2021), преку водостопански инспектор изврши вонреден инспекциски надзор над субјектот на инспекциски надзор Друштво за производство, трговија на големо и мало, увоз-извоз и услуги Тони ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, Подружницата Рибник
ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар, со деловно седиште ул. Крсте Нале бр.42 Битола, застапувано од присутното лице сопственик – управител Тони Василески, и состави Записник за констатација од
22.08.2022 год. во кој е констатирана следна состојба:

Во присуство на сопственикот-управителот на ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола и Трајковски Игор,
санитарно еколошки инженер, вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, се спроведе вонреден инспекциски надзор за дополнително утврдување на квалитетот на водата на водотекот на река Црна, за да се утврди точната категорија на водата во реката, согласно Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Службен весник на Република Македонија бр.18/99). На предлог на водостопанскиот инспектор се утврдија 3-те точки од кои треба да се земат примероци на вода од водотекот на Црна река, и тоа:

1.точка, Помеѓу двата рибника локација 20 м после влез на Бабина река во Црна река

2.точка, На зафатот на вода на река Црна, каде се зафаќа водата за рибникот и

3.точка, На 20м после излезот/испустот на вода од рибникот во река Црна.

Примероци на вода од овие точки за испитување беа земени од страна на преставникот вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, а во присуство на сопственикот -управителот на ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола – Подружница Рибник ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, за лабораториските наоди од испитуваните параметри од земените примероци на вода од 3-те дефинирани точки за рибникот, достави Извештај со број на упатница 02129/22 од 26.08.2022год. за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на површинска вода за водотек на Црна река.

Според резултатите од испитуваните примероци, а согласно Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите
(Службен весник на Република Македонија бр.18/99), водата во водотекот на Црна река, припаѓа на 5 класа површински води.

Согласно член 2 точка 5 од Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за класификација на водите (Сл.весник на Р.Македонија бр.18/99)
(оваа вода во природна состојба не може да се употребува за ниедна намена)

Правниот субјект ДПТ ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, Подружница Рибник Граше, е носител на Дозвола УП1 бр.11-31 од 06.07.2016 год. со која се стекнува со водно право за користење на вода за одгледување на риби, со зафаќање на вода од Црна река, на локација КО Бабино, општина Демир Хисар и решение за изменување на Дозволата за користење на вода за одгледување на риби УП1 бр.11/5-31/2016 од 26.02.2019год. издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Согласно точка 6 од дозволата „квалитетот на испуштената отпадна вода во река Црна не смее да ги надминува параметрите на квалитет на вода 2 (втора) категорија, според Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата за
класификација на водите (Службен весник на Република Македонија бр.18/99)“

АКТ ВО ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА-РЕШЕНИЕ од 01.09.2022 година:

1) На Друштво за производство, трговија на големо и мало,увоз-извоз и услуги Тони ТОБИ ТРАНС ДООЕЛ Битола, со деловно седиште ул. Крсте Нале бр.42 Битола , со ЕДБ 4002999138621, за Подружницата РИБНИК ГРАШЕ с.Жван, Демир Хисар, СЕ ИЗРЕКУВА:

– ВРЕМЕНА ЗАБРАНА за користење на вода од водотек на река Црна за одгледување на риби, која согласно Извештајот од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола,припаѓа на 5 класа површински води.

2) Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка од точка 1 на ова решение, е 90 (деведесет) дена, од приемот на ова решение.

3) По истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, кај субјектот на инспекциски надзор од точка 1) на ова решение, ќе биде спроведен повторно вонреден инспекциски надзор за утврдување на квалитетот на водата во водотекот на река Црна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.