Корупцијата и криминалците во политиката се најголемиот проблем во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека корупцијата и криминалот се причина за помалку пари во буџетот, помалку за образованието, здравството, земјоделците, младите, пензионерите, помалку странски и домашни инвеститори, а повеќе иселување, помалку за спортот и културата, а повеќе за нови хациенди на корумпирани политичари во Македонија.

Корупцијата и криминалот во владата на ДУИ подржана од СДСМ има епидемични големини.
World Justice Project (WJP) еднаш годишно објавува табела за индикаторот кој прави квантитативна анализа на корупцијата во светот.
Македонија во 2015 година била на 38 место, а во 2022 година е на 73 место. Речиси за двојно е влошена состојбата со корупцијата.
Имаме план, знаеме како да се бориме против корупцијата и криминалците во политиката. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред!, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.