Гледај утнете и да се убијам

Ова е една од пораките што поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски, ја испратил во вибер група во којашто пишувал под псевдоним „Перо 078“. Пораката е испратена пред аукцијата за софтверот за сообраќајни прекршоци.

Денеска во судницата обвинителката во случајот, Ивана Трајчева читаше пораки што си ги испраќале обвинетите меѓу себе. Пораката на Рашкоски била пратена во група меѓу него Даниел Станчев од „Инвока груп“, фирмата преку која е набавен софтверот за сообраќајни прекршоци и обвинетата Ирена Ивановска, а доаѓа како коментар на информацијата стигнале три понуди пред аукцијата.

Вибер-комуникациите помеѓу обвинетите се наоѓаат на листата на докази на Обвинителството и, според Обвинителката, со нив се докажува дека постапката на набавување на софтверите е незаконита.

Но Рашковски не се согласува. Според него ова е само, како што реле, една приказна напишана во ворд. Негодуваше што на еранот имало ворд документ, а никаде не се гледа вибер апликации и пораки пренесени преку апликацијата.

– Начинот на презентација не соодветствува со она што го гледаме, овој документ може многу лесно да се измени, сите можеме што сакаме да дополниме или избришеме од содржината, рече Рашковски пред судот..

Обвинителката пак рече дека презентацијата е таква бидејќи во уредот од кој се прибавени доказите има комуникации кои не се однесуваат на овој настан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.