Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе одржи средба со партнерите од владината коалиција, потврдиле за МИА од Владата.
Станува збор за редовна средба за тековните активности и политички случувања.
Како што информираат од СДСМ, во пресрет на утрешната средба, вечерва Централниот и Извршниот одбор на оваа партија ќе одржат седници.
Од Владата и од СДСМ дополнително ќе информираат за времето на седниците на ЦО и ИО и на средбата на премиерот со коалциските партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.