Истече рокот што Министерството за правда го даде на партиите за номинирање свој претставник во работната група за уставни измени.

Очекувано, ниту една партија од опозицијата не назначи свој член во ова тело кое треба да ги подготви уставните измени.

Членови предложија само СДСМ и тоа Цветанка Иванова, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партија на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партија за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократска партија на Турците.

Шарен состав,на кој ќе им се приклучат и Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на државата, Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања и Шпенд Садики од Министерство за надворешни работи. Меѓу нив ќе има и експерти кои исто така ќе бидат дел од работната група.

Планот е ова работно тело е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени а откако ќе се подготват измените, предлогот треба да ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Власта свесно ја крши процедурата

Но, формирање на некакви работни групи воопшто не е предвидено според Уставот ниту според Деловникот. Надлежноста за амадмани е исклучиво на Собранието. Владата може да предложи иницијатива за уставни измени и Собранието одлучува со двотретинско мнозинство за започнување на процедурата.

Се друго е скокање на процедурата и кршење на Уставот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.