Претседателката на работната група за подготвување на предлог-иницијатива за потребата од уставни измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, по завршувањето на денешниот состанок на групата, изјави дека расправата по деловникот завршила и оти истиот ќе се гласа идниот петок.

-Го разгледувавме деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот. Тоа беше денешната содржина на денешната седница, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот.

Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече повтори дека не би шпекулирала со време.

 

-Комисијата е составена од 23 членови, секој ќе сака нешто да каже, има право нормално. Сето тоа треба да се разгледува, да се сумира и во зависност од сето тоа ќе оди драфтирање на предлог нацрт амандманите, рече Цаца Николовска.

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, ја сочинуваат 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институци



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.