вмро-дпмне обвинува

Првите 100 дена од мандатот на Костадин Костадинов поминаа со популизам, струмичани сега плаќаат најскап гас

Македонија 09.02.2022 / 15:09

Првите 100 дена од мандатот на Костадин Костадинов поминаа со популизам, сликање и безидејност, изјави денеска Жан Дрвошанов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Дрвошанов:

Додека од ветените капитални проекти нема „ниту трага, ни глас”, неколку пати крпењето на истите дупките по улиците се прикажува како градежна офанзива.

Во другите градови неговите колеги отпочнаа крупни капитални проекти додека Костадинов се слика со градинката во касарната завршена пред неговиот мандат која се уште не може да ја стави во функција.

Иако претставен како амбициозен градоначалник кој за првата година ветуваше крупни проекти да потсетиме: парк на местото на пазар Чешел, нов археолошки и историски музеј, боемски парк, парк шума, нова противпожарна станица, пат кој ги поврзува Сачево и Свидовица, куглана, кино сала, подземни контејнери – од сето тоа нема ништо.

Да го потсетиме Костадинов дека во предизборната кампања ветуваше преземање на мерки за чист воздух, а сведоци сме дека Струмица и понатаму е еден од најзагадените градови во Европа. Без конкретна стратегија, без мапирање на загадувачите и без дебата сака да се амнестира од одговорноста за 16 годишното владеење на СДСМ во општина Струмица и непреземањето на никакви мерки против аерозагарувањето.

Патем најголемото и скапо решение – гасификацијата на општина Струмица се покажа доста неупешно. Струмичани плаќаат најскап гас кој во месец јануари достигна цена и од 81 денар.

И додека во својата програма ветуваше дека Струмица ќе стане земјоделски, економски и младински центар во последното свое интервју најави дека Струмица ќе биде центар за производството на канабис.

Да не заборавиме дека Костадин Костадинов покрај градоначалник стана и член на извршниот одбор на владејачката партија. Па затоа, останува да го потсетиме дека Струмица во овој втор национален мандат на Владата на СДСМ ги очекува ветените

експресен пат Струмица – Смоквица, патот Ново Село – Струмица, четирите ленти на патот кон Дабиле, спортски сали, потоа лизгалишта, читални.

Почитувани,

Очигледно, во првите 100 дена добробитта од оваа гарнитура ја почувствуваа неколку блиски луѓе на партијата на власт но, за струмичани засега нема ништо, рече Дрвошанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetcasibomcasibom girişCasiboom