Гневни родители на социјалните мрежи го споделуваат работниот лист даден на првачињата во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во скопската општина Центар.

Наставникот им поделил работни листови за домашна задача, на кои од децата се бара да напишат „рецепт за среќно семејство“, но на илустрацијата е прикажано семејство од двајца мажи и дете, како и илустрација од две женски лица кои се држат за рака и разговараат.

Дел од корисниците коментираат дека тоа е дела од „прпагандата“ која е застапена во училиштата, според која учениците треба да се навикнуваат дека семејството не мора да се состои од маж и жена, туку може да биде истополово.

Некои од нив наведуваат дека на наставниците во училиштата им биле поделени прашалници од МОН, во кои меѓудругото во графата за пол, покрај „машки“ и „женски“, има понуда како одредба за пол да се одбере и „друго“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.