Наставниците се собраа пред СОНК откако нивниот лидер Јаким Неделков објави дека штрајкот се става во мирување. Тие велат дека се чуствуваат измамени бидејќи никој не ги консултирал и оти Неделков едно говорел пред нив а сосема друго по средбата со Владата.

Членството е револтирано и причина за штрајкот не се 18 проценти туку колективниот договор, патни трошоци, регрес. Не ни се битни тие проценти-велат наставниците.

Тие бараат уште вечерва да се сретнат со Неделков и образоложение зошто е прекинат штрајкот.

Нека му служи на чест ако не прифати средба.

Пред СОНК се слушаат извици „Оставка, оставка“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.