Украинецот Олександр Онишченко е заведен на адреса во Кисела Вода, но никогаш не живеел во жолтата куќа на улицата „Пржино“. Сепак, открива Телма, адресата му е заведена во избирачкиот список и на наредните избори.
Македонскиот јавач Онишченко е забележан на американската црна листа поради попречеување на демократијата, но две години подоцна Владата во Скопје му доделува еквестријан државјанство.
Агенцијата за национална безбедност оценила дека Онишченко не е безбедносна закана за Македонија, 30-ттата членка на НАТО.
Иако со обична проверка на Гугл излегуваат сомнежи и истраги за кривични дела, корупција, ширење дезинформации, препродажба на руско/украински гас, и мешање во американски избори. Едно од обвинувањата за македонскиот еквестријан јавач е и дека откупил два избори за Мис на Украина, преку кои се одвивал синџир на проституција со млади девојки во арапските држави. Онишченко бил и претставник на Ривера капитал, контроверзна, веќе згсаната фирма од Панама пејперс. Преку таа фирма дури се переле и пари од продажба на хероин, објави Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.