Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел „Белви“ во добра здравствена состојба, соопшти предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето, соопшти тој.
Енкеледа Чела од Албанија која во Скопје студирала на Економскиот факултет, била пријавена за исчезната од нејзините пријатели, откако во петокот вечерта и се губи секаква трага.
Енкеледа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива, изјавија за МИА нејзини блиски роднини.
Додаваат дека загриженоста е голема кај сите жители во селото и областа, кај најблиските роднини и нејзиот брат и трите сестри, но се надеваат дека се ќе има среќен крај. Потврдија дека родителите на девојчето се веќе во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.