Денес ВМРО-ДПМНЕ започнува широки активности на терен под слоганот „Промените се случуваат секогаш со народот“. Ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е најтешко сме биле со народот, така остануваме и сега, информира Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
-Укажуваме на сите дека позитивните промени кои што се случија во локалната власт мора да случат веднаш и на централно ниво, оваа власт мора да си замине. Мора да си замине за да се запрат криминалот и корупцијата, мора да си замине за да оди нашата држава напред, само со нова власт оваа држава може да оди напред. Надеж да дадеме на сите граѓани во Македонија дека може подобро и знаеме како. Денес се случува штрајк во образованието, просветните работници штрајкуваат. Ние ги подржуваме барањата на просветните работници бидејќи нивните барања се реални и нивните барања соодвејствуваат со денешната ситуација каде што инфлацијата се зголемува секојдневно, истакна тој.
Сајкоски потенцира и дека се зголемуваат цените на сите продукти и производи, енергенсите поскапуваат а маслото за јадење е 100 проценти поскапо денеска.
-Ние укажуваме дека заедно сите можеме да ја подобриме нашата држава и затоа ги повикуваме сите граѓани заедно да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин може да се спречат и лошите штетни договори со Бугарија и да и дадеме шанса на нашата држава да оди напред, посочи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.