Професорите од скопскиот Универзитет „Кирил и Методи“ бараат повисоки плати. Со отворено писмо се обратија до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за финансии во кое велат дека постои огромно незадоволство поради актуелната состојба која никогаш не била на вака ниско ниво.
Ја споредуваат просечната плата која во земјава достигна до повеќе од 31 илјада денари а платата на еден доцент на факултет е околу 30 илјади денари, односно под просекот.
Никогаш во историјата УКИМ не бил подеградиран и заборавен. За тоа бараме итно потпишување на колективен договор со предвидените четиригиодишни проекции на покачување на платите со цел во ребалансот на буџетот да биде предвидено зголемување на платите, пишува во писмото.
Во спротивно професорите најавуваат дека ќе одржат мировен протест или штрајк во јунската испитна сесија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.