Проф. м-р Дарија Андовска од Факултет за музичка уметност денеска посвети статус на актуелните случувања околу чевствување на ликот и делото на Гоце Делчев

Како што Егејска Македонија нагло стана Македонија во 1988, така и добрите соседи нагло покажаа интерес да го слават Гоце Делчев. Дури и на википедија на англиски веќе е претставен како Бугарин, во пакет со налудничавите идеи дека Македонец е територијална, а не етничка припадност и оттаму демек логиката за “Македонија на Македонците”. Ќе прашав зошто сакаат (ма инсистираат) да го слават и што тој придонел за бугарската држава, кога е “Македонија на Македонците”, ама небулозата така ја имаат завиткано да помислиш дека си глуп. А оно уствари они се тие со територијални претензии и со анахрони идеи во 21 век. Гоце Делчев е роден во Кукуш, Егејска Македонија, Македонец кој се борел за македонските интереси (за разлика од денешниве ни владари). Македонците го слават. Добрососедите може само да гледаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.