Проф. д-р Марија Јовановски Срцева во поддршка на сите борци кои го одат или го изодиле патот – Напред розово.
Како жена, како мајка, ќерка, потоа како докторка која работи токму на Торакално-васкуларна хирургија, каде се вршат интервенциите кај жените со рак на дојка, на настанот во Куманово во организација на Унијата на жени при ОК Куманово, проф. Срцева излезе со следните пораки:
❗️ #ВажноЕ да се направи ехо преглед и мамографија.
❗️ Важно е да се прави самопреглед.
❗️ Важно е да има термини за прегледи и интервенции.
❗️ Важно е зашто сликата која ја гледаме на торакална хирургија покажува дека голем процент жени доаѓаат во доцна фаза, иако важно е што порано да се открие ова заболување и важно е што порано да се започне со третман или интервенција.
Во овој #РозевОктомври освен за ракот на дојка потсетуваме и за грижата за целокупното женско здравје, вклучувајќи ги и редовните гинеколошки прегледи.
👉 За што подобра превенција и третман:
❗️ ВажноЕ да се инвестира во кадар и опрема
➡️ Даваме силна поддршка и во иднина ќе поддржиме иницијативи и настани како овој во организација на Унијата на жени при ОК Куманово.
➡️Наша заедничка цел е заеднички да ја подигнеме свесноста кај жените за ова заболување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.