Ние во опозиција скапуваме од работа додека други и кога се на власт возат мотори, одат по викендици и на одмори, вели професорката Весна Јаневска.

Со Законот за наставници и стручни соработници им досадив и на Господ и на луѓето. Денес пауза, а за утре ќе видиме, по потреба.
Денес го славиме мајчиниот јазик, ние нашиот прекрасен Македонски, работно. Работевме и вчера, ќе работиме и утре, ќе работиме постојано, иако сме во опозиција. Анализираме закони, планираме промени, прибираме и анализираме информации, има многу работа. Образованието е многу важно, иако бившиот премиер рече дека тој учел само по три часа и ништо не му фалело, премиер станал.
Така ние во опозиција скапуваме од работа додека други и кога се на власт возат мотори, одат по викендици, одат на одмори, пишува проф. д- Весна Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.