Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од информативен карактер на која што Ковачевски практично го презентираше сето она кое што изминативе денови го слушаме во јавноста, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со Димитар Ковачевски.

Даде свое гледање на документите кои треба да ја дефинираат преговарачката рамка и записникот од меѓувладината конференција која евентуално би требало да се одржи.

На сметка на тоа јас дадов свое гледиште на текстот и врз основа на тоа  гледиште би ги изнесол следниве три заклучоци.

Прво ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи вакви какви што се се прифатливи и ВМРО-ДПМНЕ, ниту јас лично имаме намера истите да ги прифатиме. И тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Второ му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова кое што е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, институционални и да и помогнеме на владата во надминување на предизвиците коишто оваа зима ќе се појават пред нас. Тука пред се мислам  на безбедносни, енергетски, предизвици со храна, финансиски и така натаму. И на пролет кога ќе ја поминеме сите заедно оваа според мене, а и според многумина најтешка зима да седнеме и да направиме реавулација., репроценка на актуелната состојба. Само треба да го одбие и да рече не. Бидејќи ова не се преговори и ова не е преговарачка рамка со која што ние обезбедуваме европска иднина. Ова е преговарачка рамка со која што или се асимилираме и бугаризираме па така бидеме дел од ЕУ, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ.

Третата работа која што му ја понудив ако толку верува дека ова е навистина е така и обезбеден идентитет, тогаш најпрвин еве во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14. Членот 11 од записникот е член  кој детерминира дека Македонија нема да отпочне преговори се додека не го промени Уставот и нема да има преговарачка рамка, а членот 14 се повикува на Протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија во кои се наоѓаат историските прашања, образовните, културните прашања, промената на учебниците и се она што изминативе денови како бугарска верзија можеше јавноста да го види. Тоа е тој Протокол, членот 14. Еве да ги избришат тие два члена.

А потоа во преговарачката рамка, тоа е вториот документ каде што имаме принципи на кои се водат преговорите да ги избришат следните два члена. Делот каде што се наоѓаат годишните прегледи, тоа е делот каде што се Копенхагеншките критериуми согласно процесот на стабилизација и асоцијација. Да го избришат делот каде што стојат годишните прегледи и да го избришат делот каде што се повикуваат на записникот од втората меѓувладина конференција. И тогаш заедно да излеземе и да ја поддржиме. Овие 4 работи нека ги избришат.

Нека ги направи Брисел, нека ги избрише овие делови и да седнеме да разговараме. Ако е така како што не убедуваат дека ова обезбедува европска иднина а не асимилиација на Македонија и македонскиот идентитет.

Ќе повторам три работи. Прва веднаш да каже не, подготвен сум да се повлечам од барањето за предвремени избори, од активната блокада во Парламентот и јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе му ги ставиме сите ресурси на располагање и на владата, не мора ништо, про боно, само Македонија да ја помине оваа зима. На пролет ќе реавулираме.

Или нека ги избришат овие 4 елементи од записникот на меѓувладината и двете точки од преговарачката рамка. Повеќе од ова не  знам што може да направиме за да обезбедиме европска иднина на нашата Македонија и на граѓаните на Македонија.

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Сосема на крај сакам  да се обратам до македонската јавност и македонските граѓани, се гледаме вечер во 19:00 часот пред платото  на Владата. Продолжуваме со протестот кој што мислиме дека во овој момент кога се брани македонскиот идентитет е= неопходен и дека сега молчењето не е опција, туку пркосот и борбата за македонскиот идентитет. За жал во 21 век Македонецот се уште се бори за својот македонски идентитет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.