Владата на 13-та владина седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска.

Вежбата „Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.