Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред присутните земјоделски здруженија и професорите од агрономската фела, ja презентираше новата платформа „Национална рурална мрежа“.

Пред точно 10 години, или поточно во октомври 2012 година, донесени се законските одредби а конечно денес, со донесувањето на соодветните подзаконски акти го ставаме во функција и овој механизам, кој државата го нуди за уште поголема вклученост на сите чинители, за заедно да ги крираме политиките во земјоделството и руалниот развој.

Воведовме уште еден проект, во интерес на земјоделците, а особено за развојот на руралните средини и успеваме успешно да го имлементираме. 

Како министерство го следиме текот на модерните начини за комуникација и еве денес ја промовираме веб-страната на Националната рурална мрежа nmrr.mk, платформа каде на едно место можат да се видат сите мерки и активности кои се ставаат на располагање на сите земјоделци. Главната цел е зголемена информираност на пошироката јавност и потенцијалните корисници на политиките во делот на руралниот развој. Потоа,  информации околу мерките за добивање на финансиска поддршка за инвестиции, поттикнување на иновации во земјоделството, производството на храна, шумарството и зголемена одржливост на сите активности во руралните средини и заедници“ рече министерот Николовски.

Веб- платформата „Национална рурална мрежа“ ќе дејствува во сите рурални подрачја, на целата територија на Република Македонија, со цел да се подобрат условите за целосен и рамномерен развој, зголемување на квалитетот на животот на секој поединец по пат на вмрежување и создавање на партнерства. Мрежата се воспоставува по европски терк со целосна вклученост на членството во нејзиното управување. Зачленувањето и членството во Националната рурална мрежа е доброволно и бесплатно за сите граѓани, кои вршат одредена дејност во руралните средини, за сите компании, за сите органи на јавниот сектор и за сите други облици на организациона форма кои делуваат во оваа област. Можност за зачленување во Националната рурална мрежа, се дава и преку веб-страната која денес ја промовираме, каде секој кој сака, доволно е само да го пополни електронскиот формулар кој е достапен на веб страницата на Мрежата.

Руралниот развој, за мене, но и за нас како министерство има голема важност и е високо меѓу приоритетите. Преку сите досегашни мерки за поддршка тоа сме го докажале. Сега со новата и најголема земјоделска реформа, која заедно со земјоделците ја креираме, преку содавање на нов модел за субвенционирање, предвидуваме нови мерки во програмата за рурален развој. Па така програмата за рурален развој прераснува во инвестициона програма, која уште повеќе ќе им помогне на земјоделците, но ќе помогне и во поголем и рамномерен развој на руралните средини, а еве од денеска имаме и нова веб платформа за подобра информираност “ потенцираше Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.