Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на Македонската горанска заедница од Косово, Авнија Рахте и Аце Димоски.

На средбата се разговараше за активностите на Македонската горанска заедница со цел унапредување на животните услови и правата на македонската заедница во Косово, зачувување на нивниот етнички, јазичен и културен идентитет како и за заложбите за интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Косово.

Претседателот Пендаровски го поздрави нивното активно делување во насока на афирмација на македонската традиција, култура и обичаи, и институционалната соработка што ја остваруваат со косовските власти.

 

На средбата се разговараше и за тековните предизвици и проблеми со кои се соочува заедницата на Македонци во афирмација на нивниот идентитет, а кои се последица на делувањето на странски пропаганди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.