Претседателските и парламентарните избори 2024 година треба да се одржат на ист датум.
Дебатите и разликите во мислењата во врска со датумите за „Претседателски избори 2024“ и „Парламентарни избори 2024“, кои од неодамна го окупираат јавноста за жал ја одсликува состојбата во која се наоѓа нашата земја. За жал наместо да ја гледаат големата слика, теснопартиските интереси на поголемите политички партии од владејачкото мнозинство и од опозицијата на крајот ќе не доведе до тоа да народот ќе ја плати најголемата цена, сметаат од Демократската партија на Турците во Македонија.
Во соопштението испратено до јавноста велат дека претседателските избори мора да се одржат најдоцна во април 2024 година, а парламентарните избори најдоцна во јули 2024 година. А од другата страна истотака ни е познато дека цената на еден изборен процес надминува милиони евра. Пред кратко време ги надминавме последиците од епидемијата на корона, во амбиент на енергетска и воена криза во светот, а сеуште ја продолжуваме борбата против инфлацијата, а некои сакаат да имаат луксуз да одржат два одделни избори и да трошат дополнителни непотребни пари на нашите граѓани. Поради овие причини, ние како Демократска Партија на Турците на Македонија (ТДП), стоиме на ставот дека двата избори треба да се одржат на ист датум.
Очигледно е дека актуелниот изборен модел и изборен закон се во корист на поголемите односно побројните политички партии. За жал нашата долгогодишна заложба како ТДП за „Една изборна единица без праг“ е неприметен и политички е обструиран од страна на поголемите политички партии. Преку ова неправедно и наметливо разбирање која преовладува сиве овие години наназад сите сме сведоци до каде стигна нашата земја во однос на демократизација и правичната застапеност. Доколку политичките партии кои постојано зборуваат за неизбежните вредности на Европската Унија се потрудат да ги слушнат барањата и потребите на немнозинските заедници и нивните политички претставници, ова земја ќе се претвори во помирно и попогодно место за живеење.
Без разлика на исходот од изборите што ќе се одржат во 2024 година, првото нешто што треба да го направат оние што ќе ја добијат извршната власт за помирна и попросперитетна земја треба да биде заложбата да се подготви и што побргу да влезе на сила фер и правичен изборен законик.
Како Демократска Партија на Турците на Македонија (ТДП), ние нема да се откажеме и решени сме да ја продолжиме нашата заложба за фер и подобар изборен модел и длабоко сме убедени дека ќе добиеме подршката од меѓународната заедница и другите политички партии кои не подржуваат во ова насока, кои ја сметаат нашата борба оправдана и кои се свесни дека заслужуваат да живеат во подобра земја, се вели во соопштението на ДПТМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.