Овогодишниот Форум има посебно значење за државата и за регионот, имајќи предвид дека на 17 јуни ќе ја обележиме петгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција.
ПФД2023 ќе се одржи во време обележано од невидената, непредизвикана и нехумана воена агресија што ја води Русија против Украина, но и за време на Претседавањето на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, со што преземавме огромна одговорност и решителност целосно да се ангажираме во заштитата на принципите и заложбите на ОБСЕ и во промовирањето дијалог и соработка.
Програмата на Форумот ќе вклучи, меѓу другото, разговори за горливите регионални и европски политичко-безбедносни прашања, евроинтеграцијата на државите од Западниот Балкан, перспективите за зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи, борбата против корупцијата итн.
-Уверени сме дека ПФД2023 повторно ќе понуди платформа за дискусија и ќе собере на едно место домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, кои ќе имаат одлична можност лично да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за широк обем регионални и меѓународни теми, информираат од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.